• вторник, 22 октомври 2024

Трамп предлага царини против Кина поради илегалната миграција

Трамп предлага царини против Кина поради илегалната миграција

Вашингтон, 7 јуни 2024 (МИА) – Ако една земја, како што е Кина, не помогне да се спречи приливот на мигранти во САД, постојат работи кои се нарекуваат царини, изјави претседателскиот кандидат Доналд Трамп коментирајќи ги начините на кои тој ќе го спречи протокот на мигранти кои илегално доаѓаат во САД

- Имаме огромна економска моќ, нагласи Трамп и предупреди дека ако другите земји не помогнат да се намали, тој може да ја „оданочи таа земја“ доколку биде реизбран.

Безбедноста на границите и имиграцијата се меѓу главните прашања за Американците пред изборите на 5 ноември на кои Трамп ќе се соочи со претседателот Џо Бајден, демократот избран за Белата куќа во 2020 година.

Повеќето од луѓето кои илегално преминуваат во САД се од Латинска Америка.

Според владините податоци, американската гранична патрола уапсила повеќе од 27.000 кинески мигранти фатени како илегално ја минуваат границата со Мексико од 1 октомври 2023 година до 30 април 2024 година. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан