• четврток, 26 март 2026

Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација

Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација

Вашингтон, 10 мај 2025 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека потпишал извршна наредба со која се воведува првата програма за „самоиницијативна депортација на илегалните имигранти“.

„Денеска потпишав Извршна наредба за почеток на првата програма за самодепортација во историјата. Илегалните странци кои ќе останат во Америка ќе се соочат со казни, вклучувајќи ненадејна депортација, на место и на начин што исклучиво ние ќе го избереме“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.

Тој, исто така, нагласи дека сите илегални странци треба „веднаш да резервираат бесплатен лет“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан