• недела, 14 јули 2024

Трамп: Ме застрелаа со куршум во горниот дел од десното уво (ДПЛ)

Трамп: Ме застрелаа со куршум во горниот дел од десното уво (ДПЛ)

Вашингтон, 14 јуни 2024 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека бил застрелан со куршум во пределот на десното уво.

„Сакам да им се заблагодарам на Тајната служба на САД и на сите органи за спроведување на законот за нивната брза реакција на пукањето што штотуку се случи во Батлер, Пенсилванија. Што е најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на убиениот на митингот, како и до семејството на уште едно лице кое  е тешко повредено. Неверојатно е дека таков чин може да се случи во нашата земја. Засега не се знае ништо за напаѓачот, кој сега е мртов. Бев застрелан со куршум кој го прободе горниот дел од десното уво. Веднаш знаев дека нешто не е во ред со тоа што слушнав истрели... Имаше многу крв, тогаш сфатив што се случува“. зш/

Остани поврзан