• недела, 14 јули 2024

Трамп е „добро“, се проверува во медицинска установа, соопштија од неговиот предизборен штаб

Трамп е „добро“, се проверува во медицинска установа, соопштија од неговиот предизборен штаб

Батлер, 14 јуни 2024 (МИА) –  Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е „во добра здравствена состојба“ и е на проверки во медицинска установа, соопштија  од неговата кампања  откако по истрели беше евакуиран од бина на митинг во Пенсилванија.

„ Трамп им се заблагодарува на органите на редот и на првите што реагираа за нивната брза акција за време на овој грозоморен чин. Тој е добро и е на проверки во локална медицинска установа. Ќе следат повеќе детали“, објави портпаролот Стивен Чеунг во соопштение. зш/

Остани поврзан