• петок, 22 ноември 2024

Трамп води пред Бајден во шест од седум „неодлучни“ држави

Трамп води пред Бајден во шест од седум „неодлучни“ држави

Вашингтон, 13 мај 2024 (МИА) - Гласовите во седум „неопределени“ американски држави најверојатно ќе одлучуваат за исходот на претстојните претседателски избори во САД, каде главни кандидати се претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп: Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

Во анкетата спроведена заеднички од Њујорк Тајмс, колеџот Сиена и Филаделфија Инквајер, се наведува дека Трамп води меѓу регистрираните гласачи во шест од седум држави, односно во секоја, освен во Висконсин.

Ситуацијата е малку поинаква меѓу гласачите кои сè уште не се пријавиле да гласаат, каде Бајден води во Мичиген и многу малку заостанува во Висконсин и Пенсилванија. И покрај тоа што Бајден ги освои сите овие држави на изборите во 2020 година, победите во Пенсилванија, Мичиген и Висконсин би биле доволни за победа на изборите, вклучително и победи во државите кои традиционално ги фаворизираат демократските кандидати.

Резултатите од истражувањето биле слични и во хипотетичкиот избор меѓу Бајден, Трамп и независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор, кој според истражувањето би освоил по 10 отсто од гласовите во секоја од државите. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан