• петок, 05 декември 2025

„Точка на спојување“ изложба во Битола на ликовните уметнции Јоана Арсовска и Јана Николовска

„Точка на спојување“ изложба во Битола на ликовните уметнции Јоана Арсовска и Јана Николовска

Битола, 15 ноември 2025 (МИА) - Културно информативен центар (КИЦ)-Битола вечер во Офицерски дом организира свечено отворање на изложба „Точка на спојување“ чии автори се младите ликовни уметници Јоана Арсовска и Јана Николовска.

Од КИЦ-Битола информираат дека на изложбата ќе бидат претставени нови дела од творештво на Арсовска и Николовска, дипломирани сликари во класата на професорот Антони Мазневски.

Освен во Битола, ликовните уметници учествувале во групни изложби, како во текот на студирањето така и после дипломирањето, како и во други значајни проекти поврзани со нивната струка. мт/сст/
Фото: КИЦ Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан