• недела, 19 мај 2024

Тотенхем размислува да го купи Санчо за 58 милиони евра

Тотенхем размислува да го купи Санчо за 58 милиони евра

Лондон, 11 јуни 2023 (МИА) - Тотенхем размислува да го ангажира крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, објави Дејли Стар.

 

Спарс се подготвени да платат 58 милиони евра за 23-годишниот играч ова лето.

 

Договорот на Санчо со Манчестер јунајтед е до летото 2026 година. Во сезоната 2022/23, тој забележа 41 настап за клубот, постигнувајќи седум голови и три асистенции.

 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 55 милиони евра. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан