• петок, 20 декември 2024

Топлотен бран во Италија, 10 градови означени со црвена боја

Топлотен бран во Италија, 10 градови означени со црвена боја
Рим, 31 јули 2020 (МИА) – Топлотниот бран од Северна Африка денеска во Италија донесе температура до 40 степени, а десет градови се обележани со црвена боја, што е предупредување за екстремно високи температури. Според билтенот на италијанското Министерство за здравство, алармот се активира во Рим, Болоња, Торино, Фиренца, Кампобасо, Пескара, како и во градовите Риети, Фрозиноне, Болцано и Перуџа. Како што е наведено, невреме и грмежи се очекуваат следната недела во централниот дел на Италија. јт/

Тагови

Остани поврзан