• недела, 22 декември 2024

Топлотен бран во Грција – мерки за заштита на граѓаните

Топлотен бран во Грција – мерки за заштита на граѓаните

Атина, 11 јуни 2024 (МИА) – Топлотен бран со екстремно високи температури што ќе достигнат до 43 степени Целзиусови од денеска до петок ќе ја зафати Грција, а надлежните министерства објавија мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои можност за работа од дома за државните службеници и препораки за учениците, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за внатрешни работи на Грција, надлежно и за јавната администрација, соопштија дека државните службеници кои припаѓаат на ранливите категории треба да работат од дома, но истото се препорачува и за останатите, доколку е изводливо.

Со оглед на тоа дека во одредени училишта во следните денови се полага државна матура, но и завршни испити за учениците, преку циркулар од Министерството за образование, се информираат директорите да се погрижат за мерки за заштита, како што се користеење училници што имаат клима или вентилатори, да се избегнуваат активности на сонце, да обезбедат вода и сокови за учениците и сл.

Според грчките метеоролози ова е првиот топлотен бран во првата половина на јуни во последните 50 години.

Волонтери од црвениот крст во центарот Атина и во четири други градови поставија штандови на кои делат вода и ги информираат граѓаните како да се заштитат од високите температури, а општините отворија климатизирани простории.

Во текот на вчерашниот ден во централна Грција беа регистрирани највисоки температури од 38 и 39 степени, додека според прогнозите, четврток се очекува да биде најтоплиот ден со температури до 43 степени.

Паралелно, поради високите температури, зголемена и опасност од пожари. ср/

Остани поврзан