• сабота, 23 ноември 2024

Тироидната жлезда го крепи целото човеково тело

Тироидната жлезда го крепи целото човеково тело
Сараево, 11 март 2022 (МИА) - Тироидната, или штитна жлезда, му помага на телото да остане во рамнотежа, а го штити и предупредува кога треба да забави за да не прегори во секојдневниот стрес. Како што пишува порталот „Кликс“, д-р Соња Бобиќ смета дека тироидните хормони директно влијаат на работата на речиси секоја човекова клетка. Се работи за хормоните тироксин Т4, тријодотиронин Т3 и калцитонин. - Тироидните хормони се многу важни за правилен метаболизам, бидејќи поттикнуваат топлина, ја стимулираат синтезата на протеините, како и разградувањето на мастите, а влијаат и на нивото на шеќер и работата на срцето. Овие хормони ја стимулираат будноста, способноста за учење и помнење и придонесуваат за сексуалната функција кај двата пола, како и за одржување на бременоста. Тие се клучни за развојот на нервниот систем во феталниот период и влијаат на правилниот раст и развој на фетусот и на децата, појасни д-р Бобиќ. Најчести облици на дисфункција на тироидната жлезда се: бавна работа, односно хипотиреоза и брза работа или хипертиреоза, воспаление на тироидната жлезда, гушавост, како и бенигни и малигни тумори. Хипотиреоза е метаболичко нарушување предизвикано од намалување на количеството на тироиден хормон во телото. Пациентите се жалат на замор, поспаност, летаргија, дебелеење, бавен проток на мислите со постојано чувство на студенило. Ноктите се кршливи, косата е сува, тешка за чешлање, гласот е рапав поради влијанието на гласните жици... Може да се појави и глувост. Можно е нарушување и на менструалниот циклус и отсуство на овулацијата кај жените, а и појава на стерилитет се јавува и кај мажите и кај жените. Како превенција, во основа се препорачува физичка активност, спорт, прошетки во природа, како и полн сон.  си/

Остани поврзан