• четврток, 27 јуни 2024

Тим на ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Чаир

Тим на ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Чаир

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) – Залувачкиот тим на ЈП Лајка, од вчера до 14 јули започна со стратешко заловување на кучиња во општина Чаир, односно во реоните на бул. „Цветан Димов“, ул. „Џон Кенеди“, ул. „Ферид Бајрам“, ул. „Дижонска“, ул. „Втора Македонска Бригада“...

Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони, а го нема поминато хуманиот третман.

-Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, може да се јават на телефонските броеви 02 256 5859/ 071 219 925 или да пријават на info@lajka.com.mk, велат од ЈП Лајка. љм/дма/

Фото: ЈП Лајка

Остани поврзан