Тиквешки правнички денови во Неготино
- Темата на конференцијата е „Реформи во правото: патоказ кон подобра иднина“. На конференцијата учествуваат повеќе од 100 учесници од Србија, Бугарија, Хрватска и Македонија. Професори, судии, адвокати, нотари, извршители, правници од стопанството и јавната управа, информираа организаторите на настанот.
Неготино, 30 октомври 2025 (МИА) - Меѓународна научна конференција „Тиквешки правнички денови“ се организира во Неготино, настанот ќе започне попладнево и ќе трае до сабота, а е во организација на Институтот „luridica Prima“.
- Темата на конференцијата е „Реформи во правото: патоказ кон подобра иднина“. На конференцијата учествуваат повеќе од 100 учесници од Србија, Бугарија, Хрватска и Македонија. Професори, судии, адвокати, нотари, извршители, правници од стопанството и јавната управа, информираа организаторите на настанот.
Оттаму соопштија дека целта на конференцијата е да се иницираат неопходните реформи во граѓанското кривично административно и управно право, за да се подобри правната регулатива и зголеми правната сигурност во интерес на граѓаните и државата. свд/бд/
Фото: МИА архива