• петок, 05 јули 2024

Тер Штеген ќе го продолжи договорот со Барселона до 2025 година

Тер Штеген ќе го продолжи договорот со Барселона до 2025 година
Барселона, 6 август 2020 (МИА) - Барселона се согласи да го продолжи договорот со голманот Марк-Андре тер Штеген. Според „Мундо Депортиво“ новиот договор со 28-годишниот Германец ќе се пресмета до крајот на јуни 2025 година. Актуелниот договор на голманот со каталонскиот клуб важи до крајот на јуни 2022 година. Во сезоната 2019/20, Тер Штеген одигра 44 натпревари за Барселона и прими 41 гол. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на голманот на 72 милиони евра. Претходно во медиумите имаше информации за интересот на Челзи за германскиот чувар на мрежата. зс/

Остани поврзан