• понеделник, 20 мај 2024

Тен Хаг: Саудиска Арабија и МЛС не можат да и конкурираат на Премиер лигата

Тен Хаг: Саудиска Арабија и МЛС не можат да и конкурираат на Премиер лигата

Лондон, 31 август 2023 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ги откри своите размислувања за првенствата на Саудиска Арабија и САД во кое многу играчи се преселија ова лето.

 

- Тие имаат големи пари, тоа привлекува играчи. Ова има ефект и во Европа. Но, ова не го гледам како проблем за англиската Премиер лигата. Ова е лигата во која сакаат да играат големите играчи. Првенството на Саудиска Арабија и американската МЛС не можат да се тркаат со шампионатот на Англија. Тие не ни се конкуренција, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

 

Во тековниот, летен трансфер период досега 15-ина врвни фудбалери кои играа во петте најдобри европски лиги заминаа во Саудиска Арабија и Америка. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан