• недела, 21 јули 2024

Тен Хаг: Победата над Астон вила многу ни значи

Тен Хаг: Победата над Астон вила многу ни значи

Манчестер, 12 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг како многу важна ја оцени победата на неговиот тим вчеравечер на гости против Астон вила.

Јунајтед славеше со 2:1 во натпревар од 24. коло на Премиер лигата.

- Ова е голема победа за нас. Ја постигнавме нашата цел и ми се допадна начинот на кој го направивме тоа. Посебно би ги истакнал првите 20 минути кога ја контролиравме играта. Натпреварот беше со голем интензитет, па фудбалерите почнаа да се заморуваат кон крајот. До самиот крај не беше јасно - се можеше да заврши во корист на која било екипа, но успеавме да победиме благодарение на нашиот карактер. И мислам дека и замените имаа влијание, истакна Тен Хаг за клупскиот сајт.

Манчестер јунајтед кој во Бирмингем ја запиша четвртата последователна победа во сите натпреварувања се наоѓа на 6. место во Премиер лигата со 41 бод, додека Астон вила е место погоре со 46 бода.

Лидер е Ливерпул со 54 бода пред Манчестер сити и Арсенал кои собраа по 52. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан