• среда, 10 јули 2024

Тврдењето на Хутите за напад врз американски носач на авиони е лажно, тврдат американски претставници

Тврдењето на Хутите за напад врз американски носач на авиони е лажно, тврдат американски претставници

Вашингтон, 23 јуни 2024 (МИА) - Тврдењето на јеменската група Хути дека го нападнале американскиот носач на авиони „Двајт Ајзенхауер“ во Црвеното Море е лажно, изјавија двајца анонимни американски претставници.

„Тоа е неточно“, рече еден од официјалните лица.

Хутите претходно соопштија дека го нападнале споменатиот носач на авиони во Црвеното Море и дека операцијата „успешно ја постигнала целта“, не наведувајќи детали. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан