• петок, 31 јануари 2025

Тајани: Трамп ќе ги разгледа царините до 1 април

Тајани: Трамп ќе ги разгледа царините до 1 април

Рим, 29 јануари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги разгледа царините до 1 април, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

„Првите одлуки на претседателот Трамп - до 1 април - не предвидуваат воведување нови царини, туку преглед на многу аспекти на американската трговска политика“, рече Тајани по состанокот со некои претставници на италијанската преработувачка индустрија.

За време на состанокот, тој разговараше за трендовите во надворешната трговија и перспективите за извоз под новата американска администрација.

„Тајани ја изрази својата намера да започне со работа со прагматичен пристап, подготвувајќи акции и реакции за секоја можна промена во меѓународната трговска рамка“, се вели во соопштението на италијанското МНР по повод средбата. паг/

Фото: МИА архива


 

 

 

 

Остани поврзан