• среда, 27 март 2024

Тајани: Белград и Приштина да ги нормализираат односите и да го продолжат патот на дијалог

Тајани: Белград и Приштина да ги нормализираат односите и да го продолжат патот на дијалог
Рим, 24 ноември 2022 (МИА) - Белград и Приштина мора целосно да ги нормализираат односите откако постигнаа договор со кој заврши двегодишниот спор за регистарските таблички, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани. „Сега е неопходно да се продолжи патот на дијалог и целосно да се нормализираат односите меѓу Белград и Приштина“, наведе Тајани во соопштение по телефонските разговори со лидерите во Белград и Приштина. Тајани, кој во вторникот ги посети Белград и Приштина со италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето, додаде дека иднината на Балканот е во Европа и дека Италија е подготвена да игра водечка улога во регионот. Италија во моментов ја предводи мисијата на НАТО на Косово - КФОР. паг/    

Остани поврзан