• среда, 17 јули 2024

Таткото на Тиаго се обидува да го врати во Барса

Таткото на Тиаго се обидува да го врати во Барса
Барселона, 20 април 2020 (МИА) - Постои можност играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара да се врати во Барселона. „Мундо Депортиво“ тврди дека извршниот директор на каталонскиот гигант, Хавиер Бордас внимателно внимава на состојбата на 29-годишниот фудбалер, кој е дете на Барса но не успеа да се наметне во составот и во 2013 година замина за Минхен. Тиаго е шесткратен германски шампион и трипати го има освоено германскиот куп и Суперкупот. Во неговата витрина има и Европски супер куп и Светското клупско првенство. Оваа сезона шпанскиот репрезентативец има 22 натпревари и 3 гола во Бундеслигата. Неговиот договор со Баерн е до летото 2021 година и се очекува да биде продолжен.

Тагови

Остани поврзан