• понеделник, 18 ноември 2024

ТАСС: Над 860.000 лица пристигнаа во Русија од Украина и Донбас

ТАСС: Над 860.000 лица пристигнаа во Русија од Украина и Донбас
Москва, 18 април 2022 (МИА) - Над 860.000 лица пристигнаа во Русија од Украина и територијата на Донецката и Луганската народна република, информираа руските безбедносни служби за ТАСС, зборувајќи за самопрогласените републики и анектираниот Крим. „Вкупно над 860.000 лица, вклучувајќи повеќе од 161.000 деца, пристигнаа во Русија преку контролните пунктови во Ростовска, Белгородска, како и регионот Брјанск и Република Крим“, тврди изворот. Се додава и дека протокот на луѓе, кои ја преминуваат границата од Донбас и Украина, е благо намален во последните денови, од 20.000 на 15.000 лица дневно. Меѓу оние кои пристигнале во Русија, има над 237.000 граѓани на Руската федерација, над 480.000 лица од самопрогласените ДНР и ЛНР, а 142.000 луѓе од Украина и од други држави, пишуваат дел медиуми. Повеќе од 32.000 бегалци се сместени во центри за привремено сместување во 45 региони. бд/ссм/  

Остани поврзан