• сабота, 21 декември 2024

Таравари очекува да влез во вториот круг од претседателските избори

Таравари очекува да влез во вториот круг од претседателските избори

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател на државата поддржан од албанската опозициска коалиција „Вреди“, Арбен Таравари во изјава за медиумите попладнево нагласи дека очекува да оди во вториот круг од Претседателските избори закажани за 24 април.

-Ние, реално се надеваме дека би поминале во вториот круг на претседателските избори. Меѓутоа, сепак суверенот е тој кој што одлучува на 24 април. Ние ќе дадеме се од нас кампањата да биде позитивна и да придобиеме што поголема поддршка од граѓаните, рече Таравари.

Таравари присуствуваше на настанот „Заеднички го славиме Бајрам“ организиран од коалицијата. Тој истакна дека овој настан го организирале да се сретнат со политичките активисти и да го честитат празникот Бајрам. Посочи дека со активистите и членвите на коалицијата зборувале и за идните активности кои ќе ги преземаат и реализираат околу претседателската кампања.фф/лв/

Фото: Принтскрин од видео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан