• недела, 22 декември 2024

Таравари: Арсовска е промашена инвестиција, градоначалниците ги бира народот, народот може и да ги разреши

Таравари: Арсовска е промашена инвестиција, градоначалниците ги бира народот, народот може и да ги разреши

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Мој личен став е дека треба да има политичка одлука околу разрешувањето на градоначалниците, но мислам дека народот ги избира и народот може да ги разреши, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Според Таравари, градоначалничката на Скопје е навистина промашена инвестиција. Сепак, тој смета, како што изјави, дека граѓаните при изборот никогаш не грешат.

-Има предлог од ЗЕЛС или градоначалникот на Кисела Вода како да се разговара за разрешување на градоначалници. Јас мислам дека градоначалниците се избираат непосредно од граѓаните. Сега предлагаме промени во Законот за локална самоуправа, целта е да рационализираме, да нема локални избори и во декември или јануари, па повторно во октомври идната година. Мислам дека на градоначалниците мандатот може да им го земе само тој што им го дал. Мандатот го дава народот, значи само народот може да го одземе, иако има случаи кога некои градоначалници иако се избрани од граѓаните, не функционираат како што треба. Мислам дека градоначалникот на Кисела Вода се повикува највеќе на градоначалничката на Скопје која навистина е промашена инвестиција, но тоа е тоа. Народот никогаш не греши и кога ќе избере некого кој не е како што треба, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника. мч/лв/

фото: МИА и МИА архива

 

 

Остани поврзан