Талибанска влада во Авганистан: Најмалку 10 мртви во пакистанските воздушни напади
- Најмалку десет лица, меѓу кои и девет деца, беа убиени преку ноќ во пакистанските воздушни напади врз Авганистан, соопшти талибанската влада во Кабул, во услови на зголемени тензии меѓу двата соседа.
Кабул, 25 ноември 2025 (МИА) - Најмалку десет лица, меѓу кои и девет деца, беа убиени преку ноќ во пакистанските воздушни напади врз Авганистан, соопшти талибанската влада во Кабул, во услови на зголемени тензии меѓу двата соседа.
-Во покраината Хост, пакистанските сили ја бомбардираа куќата на еден цивил. Девет деца (пет момчиња и четири девојчиња) и една жена беа убиени, напиша владиниот портпарол Забихулах Муџахид на платформата „X“.
Тој додаде дека имало и други воздушни напади во пограничните региони Кунар и Пактика, во кои четири лица се ранети.
Нападите доаѓаат во услови на тензии со Исламабад и еден ден по самоубиствениот бомбашки напад во седиштето на пакистанските безбедносни сили во покраина што се граничи со Авганистан. мс/ссм/
фото: ЕПА архива