• понеделник, 02 март 2026

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска патува за Јордан и Израел

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска патува за Јордан и Израел

Берлин, 6 декември 2025 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска заминува на своите први државни посети на Израел и Јордан, јави ДПА.

Мерц ќе се сретне со кралот Абдула Втори во јорданската престолнина Аман, а потоа ќе замине за Израел, каде се очекува вечерва да биде примен од израелскиот претседател Ицак Херцог во Ерусалим.

За утре е закажана и средба меѓу германскиот канцелар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Мерц ќе го посети и Центарот за сеќавање на жртвите од Холокаустот „Јад Вашем“, каде ќе положи венец.

Се очекува главниот фокус на разговорите да биде ставен на затегнатите односи меѓу Израел и Германија, како и на понатамошната стабилизација на примирјето во Газа, забележува ДПА.

Германија е еден од најблиските сојузници на Израел, покрај САД, но Мерц ја остварува својата прва официјална посета на земјата релативно доцна, коментира ДПА.. Претходниот канцелар, Олаф Шолц, го посети Израел само три месеци по преземањето на функцијата, а Ангела Меркел ја направи својата прва посета како канцелар само два месеци откако официјално ја презеде функцијата. Ова ја отсликува перцепцијата на Германија за посебна одговорност кон Израел поради Холокаустот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан