• сабота, 09 ноември 2024

Талевски: Мицкоски да не бега, туку да каже дали е за ЕУ или е за Левица

Талевски: Мицкоски да не бега, туку да каже дали е за ЕУ или е за Левица

Скопје, 31 мај 2023 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Пред нашата држава и целокупниот народ се отвора шанса за брз напредок во евроинтеграциите., да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел.


Откако скрининг процесот што се води на официјален македонски јазик, наскоро ќе заврши, ќе следува и отворање на првите поглавја во преговорите со ЕУ.


За тоа се неопходни потребните структурни реформи што започнуваат со уставните измени.


Одговорност на сите 120 пратеници, но и на сите политички субјекти, вклучително и на Христијан Мицкоски е да дадат придонес во овој важен државнички процес.


Изборот е јасен: Или напредок и интеграција во ЕУ или стагнација и изолација во прорускиот блок.


Но Христијан Мицкоски со денови бега и не носи одлука дали е за ЕУ или е за останување под заложништво на проруската Левица.


Мицкоски мора да престане да се крие, да излезе пред граѓаните и јасно да каже: Дали е за ЕУ или е за Левица.


Христијан Мицкоски мора да има јасен и конкретен став, наместо да ги менува ставовите зависно од дневно политичките ситуации.


Денес, откако по 17 години чекање конечно ги почнавме преговорите со ЕУ, откако ги надминавме сите пречки, не смееме да дозволиме самите себеси да си го блокираме патот кон Европската Унија.


Членството во ЕУ е национална стратешка цел, врвен приоритет за нашите граѓани и сите ние како пратеници, политичари мораме да ја оствариме таа цел.


Пред нашите граѓани, но и пред самите себе, имаме обврска да обезбедиме европска, сигурна и стабилна иднина на нашата држава. 

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан