• сабота, 21 декември 2024

Супер лигата го суспендираше проектот по откажувањето на англиските клубови

Супер лигата го суспендираше проектот по откажувањето на англиските клубови
Мадрид, 21 април 2021 (МИА) - Европската Супер лига одлучи да го прекине проектот, откако вчера сите англиските клубови го откажаа учеството во натпреварувањето. - Европската Супер лига е убедена дека моменталниот статус на европскиот фудбал мора да се промени. Предлагаме нов европски натпревар затоа што постојниот систем не функционира. Нашиот предлог има за цел да овозможи развојот на спортот преку генерирање ресурси и стабилност за целата фудбалска пирамида, вклучително и помагање во надминување на финансиските тешкотии со кои се соочува целата фудбалска заедница како резултат на пандемијата. Исто така, тоа би овозможило значително зголемување на плаќањата за солидарност на сите засегнати страни во фудбалот. И покрај најавеното повлекување на англиските клубови, принудени да донесуваат вакви одлуки поради притисокот врз нив, убедени сме дека нашиот предлог е целосно во согласност со европските закони и регулативи, што беше докажано денес со одлуката на судот за заштита на Суперлигата од постапки на третиот забави. Имајќи ги предвид сегашните околности, ќе ги преиспитаме најсоодветните чекори за промена на дизајнот, секогаш имајќи ја предвид нашата цел да им понудиме на навивачите најдобро можно искуство, а истовремено да ги зголемиме исплатите за солидарност за целата фудбалска заедница, објави на Твитер новинарот од Супер лигата, Роб Харис. На 19 април беше објавена Супер лигата со учество на: Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем (Англија); Реал Мадрид, Барселона, Атлетико (Шпанија); Милан, Интер и Јувентус (Италија). Флорентино Перез од Реал стана претседател на лигата. Дванаесетте врвни клубови се соочија со бран незадоволство, а УЕФА се закани со санкции за нив и играчите. Вечерта на 20 април, основачите на Супер лигата одржаа итен состанок. зс/

Остани поврзан