• вторник, 22 октомври 2024

Сунак се извини затоа што предвреме заминал од прославата на 80-годишнината од Денот Д

Сунак се извини затоа што предвреме заминал од прославата на 80-годишнината од Денот Д

Лондон, 7 јуни 2024 (МИА) – Британскиот премиер Риши Сунак денеска се извини што предвреме ја напушти церемонијата по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија за да учествува во телевизиско интервју.

Сунак изјави дека вчера, по завршувањето на „британската манифестација“ во Нормандија, се вратил во Велика Британија.

- Кога ќе размислам за тоа, грешка беше што не останав подолго во Франција – и се извинувам, рече Сунак. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан