• четврток, 21 ноември 2024

Борел: Молдавците се определија за иднина во ЕУ и покрај руското мешање 

Борел: Молдавците се определија за иднина во ЕУ и покрај руското мешање 

Брисел, 22 октомври 2024 (МИА) - Европската унија го поздравува исходот од референдумот за членство во ЕУ во Молдавија, како израз на аспирациите на молдавските граѓани за мирна, независна, стабилна, демократска и просперитетна држава, оцени високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјава во врска со гласањата на референдумот и претседателските избори во Молдавија одржани во неделата. 

. Граѓаните на Република Молдавија направија историски избор да ја закотват својата иднина во Европската Унија и покрај масовното мешање и хибридната кампања на Русија и нејзините прокси за поткопување на демократското гласање, наведе Борел. 

Според него, ЕУ ги поздравува молдавските властите за организацијата на изборниот процес и референдумот во согласност со демократските стандарди.

- Европската Унија го осудува невиденото злонамерно мешање на Русија во претседателските избори и уставниот референдум во Молдавија. Ќе продолжиме да ја поддржуваме отпорноста и напредокот на Република Молдавија на нејзиниот пат за пристапување во ЕУ, додава Борел во пораката. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан