• недела, 22 декември 2024

Сунак го осуди нападот на Иран врз Израел: Овие удари се закануваат да ги разгорат тензиите

Сунак го осуди нападот на Иран врз Израел: Овие удари се закануваат да ги разгорат тензиите

Лондон, 14 април 2024 (МИА) - Британскиот премиер Риши Сунак го осуди „непромислениот“ напад на Иран врз Израел, за кој рече дека ја покажува неговата „намера да направи хаос во својот двор“.

„Овие удари се закануваат да ги разгорат тензиите и да го дестабилизираат регионот. Иран уште еднаш покажа дека има намера да направи хаос во својот двор“, вели  Сунак.

„Велика Британија ќе продолжи да се залага за безбедноста на Израел и безбедноста на сите наши регионални партнери, вклучително и Јордан и Ирак“, додаде британскиот премиер. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан