• петок, 05 декември 2025

Судски совет: Судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките, секое коментирање однадвор се смета за упад во судството

Судски совет: Судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките, секое коментирање однадвор се смета за упад во судството

Скопје, 25 септември 2025 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија остро се спротивставува на користење на судството за дневно политичка кампања и нагласува дека судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките и секое коментирање однадвор се смета за упад во судството.

-Судиите и покрај тоа што работат со ограничени човечки и финансиски ресурси даваат максимални напори за брза и ефикасна правда. Секој кој има сериозни индиции и докази за криминално и коруптивно однесување во судството должен е веднаш да пријави до Судскиот совет и други надлежни органи, затоа што непријавувањето на истите претставува сериозно кривично дело, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Судскиот совет. 

Судскиот совет, се посочува, како самостоен и независен орган на судската власт во иднина нема да се вклучува во коментирање на какви било политички изјави, а секогаш ќе реагира во насока за заштита на законитоста и независноста на судството. аа/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан