• сабота, 20 јули 2024

Судот во Москва нареди апсење на портпаролот на Мета, Стоун поради поврзаност со тероризам

Судот во Москва нареди апсење на портпаролот на Мета, Стоун поради поврзаност со тероризам

Москва, 12 февруари 2024 (МИА) – Московски суд денеска објави дека наредил апсење на портпаролот на платформата Мета, Енди Стоун, во отсуство, во очекување на судењето за низа обвиненија поврзани со тероризам.

Московскиот окружен суд изјави дека Стоун е обвинет за „промовирање терористички активности, јавно повикување на терористички активности, јавно оправдување на тероризам или пропаганда на тероризам и јавни покани за екстремистички активности“.

Судот, исто така, објави дека Стоун е ставен на руска и меѓународна потерница. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан