• сабота, 22 февруари 2025

Судија и нареди на американската влада да одмрзне средства за програмите за странска помош

Судија и нареди на американската влада да одмрзне средства за програмите за странска помош

Вашингтон, 14 февруари 2025 (МИА) - Федерален судија и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го одмрзне финансирањето за стотици странски подизведувачи кои велат дека биле погодени од 90-дневното замрзнување на финансирањето наложено од Трамп.

„Барем до овој момент, обвинетите не понудија никакво објаснување зошто целосното запирање на сета помош доделена од Конгресот за странство, што предизвика шок и им наштети на интересите на илјадници договори со бизниси, непрофитни организации и организации низ целата земја кои се потпираат на тоа, е рационално“, рече судијата Амир Али од Окружниот суд во Вашингтон. Тој судија беше назначен од адмиистрацијата на поранешниот американскипретседтаел Џо Бајден. зш/

Остани поврзан