• вторник, 05 ноември 2024

Судир во Лондон меѓу поддржувачи и противници на иранската влада

Судир во Лондон меѓу поддржувачи и противници на иранската влада

Лондон, 25 мај 2024 (МИА) - Четири лица се повредени во судирите во Лондон меѓу приврзаниците на починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси и неговите противници, а едно е уапсено, соопшти денеска полицијата за немирите во петокот вечерта.

Судирот избувна во Вембли, западен Лондон, за време насобирот во чест на Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа. Демонстрантите се собраа пред просториите каде што се одржуваше собирот и дојде до судир со приврзаниците на властите во Иран.

Во Лондон има голема иранска заедница на дијаспора, од кои повеќето избегаа од земјата по „Исламската револуција“ во 1979 година. паг/

Фото: МИА архива


  
 
 

Остани поврзан