Студија: 31,2 проценти од децата во земјава имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина
- Зголемената телесна тежина и дебелината е почеста кај момчињата во споредба со девојчињата. Само 25 проценти од децата секојдневно јадат свежо овошје - ова е најниската дневна консумација на овошје во целиот Европски регион. Вкупно 20 проценти консумираат свеж зеленчук секој ден - што, исто така, е меѓу најниските нивоа во Европа. Солени грицки консумираат 40 проценти од децата - најмногу во однос на државите вклучени во COSI студијата во Европскиот регион. Повеќе од половина или 51 отсто од децата редовно консумираат слатки грицки три или повеќе дена во неделата, соопштија од ИЈЗ.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.