• сабота, 06 јули 2024

Студентите до 25 декември да аплицираат за финансиски надомест за меѓуградски превоз

Студентите до 25 декември да аплицираат за финансиски надомест за меѓуградски превоз

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Министерството за образование и наука потсетува дека студентите кои аплицираат за остварување на правото на финансиски надомест за покривање на дел од трошоците за меѓуградски превоз се пријавуваат само електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk Аплицирањето трае заклучно со понеделник, 25 декември 2023 година.

Студентите потребно е прикачат потврда за редовен студент на државен универзитет, уверение за државјанство, лична карта или друг документ за идентификација, трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање. Како доказ се доставува фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб-страницата на превозникот.

Од МОН наведуват дека не се прикачува пријава/изјава. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан