• петок, 22 ноември 2024

Промоција на сензорна скулптура во „Лаб дизајн маркет“

Промоција на сензорна скулптура во  „Лаб дизајн маркет“

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Во изложбениот салон „Лаб дизајн маркет“ вечер од 18 часот ќе биде промовирана модуларната колекција „Тотем“ на „Номад студио“. Се работи за  разиграна сензорна скулптура, инспирирана од играчката со редење обрачи на стапче.

-Нејзиниот уникатен модуларен дизајн е комбинација на форми и бои кои постојано се менуваат, а истовремено инспирираат различни конфигурации пренесувајќи чувство на разиграност. Внимателно рачно изработена, Tотем скулптурата содржи три основни форми кои се конфигурираат во повеќе од 12 стилски силуети, овозможувајќи да се креирааат свои променливи скулптурни форми. Преку сензорна стимулација, Tотем светилката пренесува уникатно и хармонично чувство во домот, соопшти „Лаб дизајн маркет“ . 

Организаторот на промоцијата посочува дека „Номад студио“ има развивено композитен материјал со кој ја стилизира старата „терацо“ техника во современ дизајн.

-Терацо техниката потекнува од Италија и датита од 16 век. На почетоците била употребувана од  изработувачите на мозаици во Венеција. Идејата била остатоците од мермер во комбинација со друга смеса да се реупотребат за изработка на декоративни подни површини, информираат од „Лаб дизајн маркет“ кој промовира производи на локални дизајнери и занаетчии.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон во центарот „Лабораториум“, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“. хс/ев/

Фото: Лаб дизајн маркет 

Остани поврзан