• петок, 22 ноември 2024

Странски ВАР судии до крајот на првенството во Турција

Странски ВАР судии до крајот на првенството во Турција

 

Анкара, 12 април 2024 (МИА) – Странски ВАР судии ќе бидат ангажирани на клучните натпревари во завршните седум кола во турскиот шампионат, соопшти денеска Фудбалската федерација на Турција. (ТФФ).

Одлуката доаѓа откако челниците на Фенербахче, кој е второпласиран на табелата со два бода помалку од Галатасарај, минатата недела јавно го доведе во прашање интегритетот на турските судии.

„Странски ВАР судии ќе бидат ангажирани за клучните натпревари во борбата за шампионската титула и во борбата за опстанок, почнувајќи од 32. коло до крајот на првенството“, се наведува во соопштението на ТФФ.

Веќе викендов странски судии ќе бидат вклучени во три натпревари Анкарагучу – Газиантеп, Фатих Карагумрук – Фенербахче и Аланијаспор – Галатасарај.

ТФФ додаде дека има склучено договор со италијанската, шпанската, германската, холандската и португалската федерација за ангажаирање ВАР судии во домашното првенство. ег ФОТО: Икс

 

Остани поврзан