• понеделник, 08 јули 2024

Стојкоски: Промените во Ѓорче Петров ги носиме заедно со жителите

Стојкоски: Промените во Ѓорче Петров ги носиме заедно со жителите
Скопје, 18 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски очекува победа во првиот круг на Локалните избори и истакнува дека разликата со неговиот портивкандидат е над 3.200 гласови, како и дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освоиле апсолутно мнозинство во Советот на општината. - Драги ѓорчепетровци, сакам од се срце да ви се заблагодарам за големата поддршка која ми ја дадовте во првиот изборен круг на локалните избори. Победивме многу јако во Ѓорче Петров, над 3200 гласови е разликата. Очекуваме победа во првиот круг. Дел од избирачките листови и натаму се обработуваат во општинската изборна комисија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ освои апсолутно мнозинство во Советот на Ѓорче Петров. Доктор Ленче Нелоска и нејзиниот тим освоја вкупно 12 советници во Советот, изјави Стојкоски.

Тој се заблагодари на сите жители и истакна дека „ќе биде градоначалник на сите граѓани на Ѓорче, без разлика на различностите и кој за кого гласал на изборите“.

- Ова е голема победа, победа на сите луѓе во Ѓорче Петров. Како што кажав во текот на кампањата, јас сакам да бидам, пред се, ваш пријател, а потоа и градоначалник за сите. Докажавме дека Ѓорче Петров е подготвено за промени, а промените ги носиме сите ние заедно. Јас како ваш иден градоначалник, а вие како мои сожители во Ѓорче Петров. Ви благодарам многу, со работа почнуваме веднаш, истакна Стојкоски.фф/лв/

Остани поврзан