• недела, 22 декември 2024

ДИЖС во првиот квартал годинава реализирал 738 инспекциски надзори, иницирани се 17 прекршочни санкции

ДИЖС во првиот квартал годинава реализирал 738 инспекциски надзори, иницирани се 17 прекршочни санкции

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) – Од планирани 631 инспекциски надзор, Државниот инспекторат за животна средина во првиот квартал од оваа година, односно од 1 јануари до 30 април годинава реализирал 738 инспекциски надзори, од кои 518 редовни, 89 вонредни и 131 контролни.

Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски денеска информира дека планот на Инспекторатот за првиот квартал е надминат за 16,9 проценти. Посочи дека изготвени се 169 решенија во инспекциска постапка.

-Од 17 прекршочни санкции иницирани се над 300 илјади евра во денарска противвредност и тоа 180 илјади евра за Цементарница УСЈЕ, 110 илјади за „Пејпермил, 10 илјади за фабрика за марихуана во Вевчани, потоа платни налози со порамнување за физички лица за отпад, како и останати предмети по пат на спогодување, рече Стојковски.

Во овој прв квартал од годината, оформени се неколку предмети по покренати инспекциски постапки – за Цементарницата УСЈЕ во кое спогодувањето било неуспешно па во тек е судска постапка, за „Пејпермил“ Кочани, ЈКП Куманово и ЈКП Прилеп, за фабриката за марихуана во Вевчани, САНС АГ, „Визијана“ и „Бонум“ во Старо Нагоричане.

-ДИЖС ќе координира со нов ЕУ Твининг проект кој е одобрен на почетокот на 2022 година од страна на делегацијата на У и во тек е одобрувањето на проектниот документ кој од Министерството за финансии е веќе испратен до Делегацијата на ЕУ во Скопје на финална контрола и одобрување по што ќе биде објавен јавен конкурс, а се очекува проектот да започне до крајот на 2023 година. Проектот ќе трае 27 месеци, а вредноста изнесува еден милион евра. Во рамки на Проектот ќе се изработат стратешки документи и подзаконски  акти кои произлегуваат како обврска од новиот Закон за инспекциски надзор во животната средина, рече Стојковски. 

Тој информира дека во првите четири месеци од 2023 година остварена е непосредна комуникација со граѓаните по пат на достапните начини на комуникација – преку месинџер остварени се седум комуникации, од кои две претставки се однесувале на предмети од надлежност на ДИЖС. Преку е-пошта поднесени четири претставки, од кои една се однесува на Инспекторатот и преку веб-пријави поднесени 30 претставки, од кои седум претставки  се однесувале на предмети за кои е надлежен ДИЖС.

Како што посочи, во текот на првите четири месеци од оваа година ДИЖС примала шест барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и сите шест се одговорени целосно во законскиот рок, без дополнување на одговорите, односно жалба по истите до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.фф/са/

Фото: МИА

Остани поврзан