Стопанската комора му додели награда на премиерот Мицкоски
- Стопанската комора му додели награда на премиерот Христијан Мицкоски за градење партнерство и заедничко дејствување за просперитетна Македонија.
![Стопанската комора му додели награда на премиерот Мицкоски](https://mia.mk/images/20240725131456_big_730x400_72.webp )
Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Стопанската комора му додели награда на премиерот Христијан Мицкоски за градење партнерство и заедничко дејствување за просперитетна Македонија.
На денешниот настан по повод 102 години од постоењето, Комората им врачи награди и на бизнисмени во различни категории.
Како што рече претседателот на Комората, Бранко Азески, Мицкоски го поддржувал бизнисот и додека бил во опозиција.
-За мене ова е голема чест, но и одговорност. Изминативе први 30 дена оставаме срце на терен за да направиме нешто. Настапуваме патриотски, тоа што е интерес за граѓаните е и наш интерес, работиме посветено, не се штедиме, истакна Мицкоски во обраќањето пред присутните, изразувајќи благодарност за наградата. мч/ац/
Фото: МИА