• недела, 22 декември 2024

Столтенберг во дводневна посета на Шведска 

Столтенберг во дводневна посета на Шведска 

Брисел, 6 јуни 2024 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе отпатува во дводневна посета Шведска по повод Националниот ден на земјата. 

Како што соопшти прес-службата на НАТО, Столтенберг денеска во Стокхолм ќе присуствува на церемонијата за одбележување на Националниот ден на Шведска и ќе има средба со шведскиот премиер Улф Кристершон.  

Утре, првиот човек на Алијансата придружуван од Крисиершон ќе присуствува на воена вежба на шведските Вооружени сили. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан