• петок, 17 мај 2024

Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и 4 милиони во банка?

Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и 4 милиони во банка?

2 мај 2024

Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?
СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.

Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.

Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.

Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.

Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како  Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.

Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!


Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=2jvyVfJ7TCE
https://wetransfer.com/downloads/cd0c0c6f987495539a7cce492361227a20240502102253/27d35d

Изјава за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан