• сабота, 18 мај 2024

Стоилковски: Бектеши и Деспотовски да кажат каде е фабриката за електрични автомобили во Тетово

Стоилковски: Бектеши и Деспотовски да кажат каде е фабриката за електрични автомобили во Тетово

Скопје, 12 август 2023

Почитувани

ДУИ и СДС денеска мора да одговорат каде е фабриката за електрични автомобили, откако пред точно една година направија прескапа прослава за наводен камен темелник во ТИРЗ Тетово?

Да потсетам, на 13 август лани цела влада на ДУИ и СДС организираа скапа манифестација за отпочнување на градба на фабрика за електрични автомобили, со тоа што во 2024 година требаше да се возат првите коли на струја од Тетово. Димитар Ковачевски порача дека ќе се отворат 890 добро платени работни места, а по тие изјави да се налепија бројки од 3000-4000 поврзани вработувања во ТИРЗ Тетово.

По цела година наместо фабрика има ливада која не е ни искосена. Очекуваме и по овој прес ДУИ и СДС, Крешник Бектеши од позиција министер за економија и Јован Деспотовски од позиција Директор на ТИРЗ, повторно да тврдат дека сè тече според планот и дека изградабата на фабриката ќе почне наскоро.

Но, почитувани и Бектеши и Десподовски, и ДУИ и СДС, мора да одговорат:

Каде е фабриката за електрични автомобили која доби и државна помош во износ од  43 милиони евра?

Ако фабриката ја нема, каде завршија околу 43 милиони евра од државната помош?

Колку чинеше прославата за лагата почеток на градба, дали и за тоа пари зема омилената Арберија?

Ќе признаат ли ДУИ и СДС дека фабрика за автомобили е уште една лага поврзана со ДУИ и фирми спонзори на ДУИ?

Ќе признаат ли ДУИ и СДС дека фабрика за автомобили нема да има? Дали државата ќе го раскине договорот со фирмата блиска на ДУИ?

И секако, како по цела година празна нива наместо фабрика, Дестани од владата доби концесии за рудникот Иловица?

Само избори се спасот!

Кој вршел притисоци кај СДС за ја да снема Декларацијата за Илинден од собраниските документи, дали се на истиот став кога одбија декларација за Гоце Делчев?

СДС се уште не го информира народот за текстот на Декларацијата за Илинден, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговорајќи на новинарско прашање, кој посочи дека СДС мора да одговорат кој вршел притисоци за истата да ја снема од собраниските документи, како и тоа дека сите се сеќаваат кога СДС одби Декларација за Гоце Делчев.

- СДС мора да одговорат зошто ако предлог Декларација за Илинден била објавена, зошто била тргната и ја немаше меѓу објавените собраниски документи? Кои и чии црвени телефони ѕвонеле во СДС за да вршат притисок за Декларацијата? – прашува Стоилковски.

Стоилковски потенцираше дека искуствата на Македонија со СДС за Декларации се уште се свежи, откако лани СДС ја одби Декларацијата за Гоце Делчев со изјава дека со Декларацијата се враќаме назад, а не напред.

Прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан