• вторник, 18 јуни 2024

Стипендии за студии во Италија и Мексико

Стипендии за студии во Италија и Мексико

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање  стипендии за македонски државјани од страна на Владата на Италија за академската  2024-2025 година.

Како што објави МОН на својата веб-страница, заинтересираните кандидати може да аплицираат за неколку категории студии во Италија: напредни курсеви во траење од три месеци за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик; втор степен универзитетски студии (двегодишни постдипломски); студии за високо образование во областа на ликовната уметност, филмска и драмска уметност, музичката уметност и танцот; докторски студии и истражувачки проекти.

Подетални информации за  аплицирањето може да се најдат на веб-страницата на Амбасадата на Италија (www.ambasada.esteri.it), како и на порталот на Италијанската влада наменета за студирање во Италија и за стипендии (https://studyinitaly.esteri.it) од каде што може да се преземе апликацијата.

Таа треба да се пополни и електронски да се прати до 14 јуни 2024 во 14:00 часот. 

Министерството за образование и наука известува и за повик за стипендии за изворедност на Владата на Обединетите Мексикански Држави за 2024 година.

-Конкурсот е за странци кои се заинтересирани да студираат во Мексико на магистерски и докторски студии, постдипломски истражувања, како и додипломски и постдипломски програми за студентска мобилност, наведува МОН во објавата

Информации за повикот се достапни на интернет-страницата https://www.gob.mx/amexcid/acciones-y-programas/becas-para-extranjeros-29785 Рокот за аплицирање е до 28 јуни 2024.

Пријавите по овој повик се доставуваат електронски преку системот за управување со академската соработка SIGCA: https://sigca.sre.gob.mx/login. хс/аа/

Фото: МИА архива 
 

Остани поврзан