• петок, 22 ноември 2024

Стејт департментот со предупредување до американските државјани да не патуваат во Црна Гора

Стејт департментот со предупредување до американските државјани да не патуваат во Црна Гора
Вашингтон, 17 февруари 2021 (МИА) - Американскиот Стејт департмен ги предупреди државјаните на САД да не патуваат во Црна Гора поради пандемијата со Ковид-19. Во предупредувањето, од највисокиот четврти степен, се наведува дека граѓаните кои ќе патуваат во Црна Гора можат да се соочат со затворање на границите и аеродромите, забрана за патување, наредби да не го нашутаат домот, затворање на бизнисите и други вонредни услови поради Ковид-19. Во соопштението објавено на официјалната интернет-страница, се наведува дека Стејт департментот  редовно ги проценува и менува препораките за меѓународните патувања врз осноба на информации на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и моменталните услови во земјите. ЦДЦ предупредува дека граѓаните трена да ги избегнуваат сите патувања во Црна Гора бидејќи со тоа би го зголемиле ризикот да се заразат и да го шират Ковид-19. ми/

Остани поврзан