• среда, 11 декември 2024

„Стан 54“ - нова премиера на Штипскиот театар

„Стан 54“ - нова премиера на Штипскиот театар

Штип, 11 декември 2024 (МИА) - Во Народниот театар - Штип в петок, на 13 декември, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава  „Стан 54“ чиј  автор е  Никола Кузелов, а во колективна режија, информираа денеска од Народниот театар - Штип.

 Кузелов вели дека станува збор за научно-фантастична трагедија во која се разработуват предизвиците со кои се соочува  современиот човек,  вештачката интелигенција, но и како таа влијае за луѓето помеѓу себе да се оттуѓат и отфрлат.

Дејството на претставата се случува во стан со реден број 54. Освен брачниот пар кој живее во станот, силното невреме ќе ги затече сосетката и продавачот кои случајно се нашле таму. Тогаш сите заедно одлучуват да живеат таму и да глумат семејство. Во претставата играат: Никола Кузелов, Ања Митиќ, Нела Павловска, Виктор Велевски, драматург е Весна Куслеска.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам. вдј/мд/

Фото: Народен театар - Штип

 

Остани поврзан