• понеделник, 23 декември 2024

Среќата е достижна со внатрешна самоконтрола

Среќата е достижна со внатрешна самоконтрола
Цирих, 28 јули 2020 (МИА) - За да постигнете среќа, треба да научите да сосредоточите на долгорочните цели, повремено да „губите контрола“ и да си дозволите да се посветите на ситниците кои Ве прават задоволни. Ова е мислењето на научниците кои ги објавиле резултатите од своето истражување во списанието „Билтен“ за социјална психологија. Постои верување дека внатрешната самоконтрола му помага на човекот да ги постави своите долгорочни приоритети во однос на краткорочните задоволства, а оние што успеваат во тоа, се посреќни. Тие можат да ги постигнат своите цели - да отварат добра форма, да си го намалат шеќерот, да научат некој странски јазик... Така, изгледаат среќно и, просто - задоволни од самите себе. Истражувачите од Универзитетот во Цирих, Швајцарија, и Радбауд во Холандија спроведоа психолошки испитувања што покажаа дека чувството на среќа и успешната самоконтрола ги задоволуваат краткорочните цели, кога луѓето не размислуваат за подалечната иднина. Да се лежи на каучот, уживањето во вкусна храна или ноќна забава не носи радост ако некое лице продолжи да одржува  внатрешна самоконтрола. За постигнување среќа, мора повремено да се преминува во состојба што овие научници ја нарекуваат хедонизам. Тајната е во тоа - да не се грижите премногу за ситниците. Способноста да се доживее задоволство или уживање без да преоѓате во опсесивни мисли, придонесува за среќен и задоволен живот барем колку што е успешна самоконтролата. Истражувањата покажаа дека луѓето кои минуваат повеќе време на одмор, но се расејуваат од опсесивни мисли за работи што треба да ги направат, се помалку среќни од оние кои минуваат помалку време на одмор, но не се грижат за ништо. Оваа група луѓе е помалку подложна на вознемиреност, тага и стрес, па затоа се поуспешни во долгорочните потфати. Затоа, наместо да легнете на каучот и да размислувате за вежбална во која не сте биле, подобро ќе биде да легнете, да изедете нешто вкусно, да одите некаде со пријателите и да не размислувате за ништо. Ова автоматски ќе ве направи посреќни, велат авторите на студијата.  си/сд/

Остани поврзан