• петок, 05 декември 2025

Средношколците од Крива Паланка со награди за едукативни достигнувања по предметите хемија и физика

Средношколците од Крива Паланка со награди за едукативни достигнувања по предметите хемија и физика

Крива Паланка, 3 декември 2025 (МИА) - Ученици од средното општинско училиште "Ѓорче Петров", Крива Паланка донесоа високи награди од учествата на национални научни настани од областа на хемија и физика на кои под менторство на своите професорки успешно ја претставија гимназијата.

Ученикот Димитар Стојановски  беше дел од тимот на професорката Валентина Цветановска кој учествуваше на настанот „Ноември – месец на науката 2025“, што се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

- Димитар освои втора награда по хемија за четврта година, се овој успех е резултат на многу труд, упорност и љубов кон науката. Горди сме на успехот на учениците и менторот и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина, посочува директорката на  СОУ "Ѓорче Петров", Крива Паланка, Елена Ѓорѓиевска.

Таа нагласи дека посветеноста во работата секогаш носи резултати, а уште еден доказ за тоа е и неодамнешниот успех на учеството на  47 Школа ,,Млади физичари" во организација на Друштвото на физичари на Македонија, што се одржа на природно математичкиот факултет во Скопје.

- Нашата ученичка Ива Давидовска од трета година, освои втора награда за експериментот со којшто се претстави: ,,Li-Fi технологија". Давидовска работеше под менторство на професорката Виолета Станковска-Станојковска и им честитам на двете за одличното претставување на училиштето, додаде Ѓоргиевска.

Во СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка продолжуваат редовните програмски активности од воспитно образовниот процес, како и активности за подобрување на соработката со пошироката заедница.

Во рамки на таа соработка, утре, 4 декември, ќе се реализира показна вежба за евекуација во случај на пожар, со цел подигнување на свеста за безбедност на учениците, наставниците и другите вработени, но и подобрување на подготовките и брзината на реакција во вакви ситуации. ид/

Фото: СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан