• недела, 22 декември 2024

Средба Филков-Гуалано де Годој: Да им се обезбеди полесен и непречен пристап на мигрантите до  постапката за признавање на правото на азил

Средба Филков-Гуалано де Годој: Да им се обезбеди полесен и непречен пристап на мигрантите до  постапката за признавање на правото на азил

Скопје,16 јули 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков го прими претставникот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации – УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој, соопши Министерството за правда и односи.

На средбата, како што се наведува во соопштението се разговарало за досегашната соработка на Министерството за правда УНХЦР, како и институционалната и материјалната поддршка како клучни за зајакнување на капацитетите за изнаоѓање одржливи решенија за луѓето во ранливи ситуации.

Соговорниците договориле во наредниот период да се преземат заеднички активности, како и да се посети Приватниот транзитен центар во Гевгелија со цел да им се обезбеди полесен и непречен пристап на мигрантите до постапката за признавање на правото на азил.

Како што е наведено во соопштението, Габриел Гуалано де Годој изразил благодарност за заложбите на Министерството за правда за поддршката, како и за .коордирањето на процесот за системско и трајно решавање на повеќедеценискиот проблем на приближно 700 лица во нашата држава кои биле неевидентирани и незапишани во матичната книга на родени, со што станавме прва земја во Европа и втора во светот што го реши проблемот со неевидентирани лица.

-Билатералната соработка и реализацијата на проектите ќе продолжат и во наредниот период, се вели во соопштението на Министерство за правда.аан/ац/

Остани поврзан