• понеделник, 23 декември 2024

Средба Османи – Григорјан: Континуирана поддршка од УНДП за севкупен развој на земјата

Средба Османи – Григорјан: Континуирана поддршка од УНДП за севкупен развој на земјата
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Иницијативите на Програмата за развој на ОН (УНДП) во областа на економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, зајакнувањето на институциите, животната средина, климатските промени, како и на енергетската криза, како еден од најголемите предизвици за земјата и моментално највисок приоритет за Владата, беа главна тема на средбата на министерот за надворешни работи Бујар Османи со постојаниот претставник на УНДП во земјава Армен Григорјан. Како што соопшти МНР, Османи ја поздрави континуираната поддршка од страна на УНДП за севкупниот развој на нашата земја, особено во клучните процеси, како и, изрази задоволство за севкупната соработка со Канцеларијата на УНДП во земјава, особено при идентификување на стратешките приоритети, тековните активности за постигнување на одржливите развојни цели (СДГ) на Агендата 2030. - Воедно, на средбата, разговараа и за многуте проекти/настани, кои УНДП планира да ги организира во период од март-јуни, по повод 60 години од скопскиот земјотрес во 1963 година. Во таа насока, Османи истакна дека ја имаат поддршка на Министерството во сите аспекти, како и за заемно учество во организацијата на проектите. Воедно се покрена и прашањето за заемни проекти во рамки на зелената дипломатија, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан